Sobol business 4WD

ПОСВЕТЕНИ “OFF-ROAD” ПЕРФОРМАНСИ

Високите агли на предниот и заден препуст овозможуваат поминување низ препреките без никаков контакт и заштита на браниците од оштетување. Малото меѓуоскино растојание и широките управувачки агли, овозможуваат одлично маневрирање на возилото (мал круг на вртење)

ВИСИНА ОД ТЛО ДО ВОЗИЛО

Висината од тлото до возилото обезбедува одлични теренски перформанси и овозможува лесно движење низ дупки при голема брзина, одлично движење по снег и песок и лесно преминување преку паднати дрва и гранки во шумски предели.

ПОВРЕМЕН ПОГОН НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

Системот за повремен погон на сите четири тркала е прилично едноставен механички систем, со огромна сигурност во екстремни ситуации и лесен за одржување. Повремениот погон на сите четири тркала го прави возилото повеќенаменско, за возење по пат и надвор од пат (OFF-ROAD) и обезбедува стабилни теренски перформанси на меки и нестабилни почви.

ЗАВИСНА СУПСЕНЗИЈА

Gazelle Sobol користи зависна суспензија со задни федери и цврста попречна осовина што овозможува долг век на користење, отпорност на удари во тешки услови, загарантиран постојан клиренс од 170мм, едноставен ремонт во случај на јак судар и ниски трошоци за одржување.

РЕДУКТОР

Редукторот овозможува возилото да се движи со мала брзина при голем вртежен момент и моќност на моторот со што се зголемува брзината на вртење на тркалата при преминување на препреки како дрва, камења, мека и нестабилна почва, мраз, песок и вода.

БЛОКАТОР НА ДИФЕРЕНЦИЈАЛ НА ЗАДНА ОСКА

Овозможува значително подобрување на теренските перформанси, поготово на тешките патишта со лизгави површини, меката и нестабилна почва и максимална ефикасност на тркалата кога диференцијалот е блокиран. (Вртежниот момент се пренесува на двете оски со 50/50 дистрибуција).

ТРАНСМИСИЈА

Gazelle Sobol користи класична трансмисија со заден погон која има големи предности во однос на предниот погон и тоа добро пробивање, мал радиус на вртење, одлично однесување на лизгави патишта, подобар старт од место на угорница при празно и натоварено возило. Максимално едноставно префрлање на погон на сите четири тркала.

“OFF-ROAD” Гуми 225/75R16

Повеќенаменски и максимално издржливи гуми со “off-road” перформанси и високо отпорни на абење кога се возат на сув асвалт, песок и нечистотија.

ШТО Е СЛЕДНО?

Како овластени застапници на ГАЗ комерцијалните возила – ние ги имаме одговорите на сите прашања. Контактирајте нè!