Gazelle business 4WD

УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ

Одлични “off-road” перформанси и високо ниво на удобност. Моќниот мотор овозможува лесно прилагодување во ритамот на градскиот сообраќај. Потребен е минимален напор при ракување на управувачот и притискање на педалите при што добивате одлична реакција од возилото. Удобните седишта го намалуваат заморот на возачот и патниците дури и на долги патувања.

ПРОСТОРНА КАБИНА

Каросериската конфигурација и поставените управувачки системи надвор од кабината овозможуваат да нема бучава при работењето, мирис на гориво и дополнително греење кое се јавува кај моторите сместени во кабината на возилото. Одличен распоред на седиштата и доволен слободен простор.

ПРИЛАГОДЛИВ СЕРВО УПРАВУВАЧ И ЗАДОВОЛИТЕЛЕН ПАТЕН КОМПЈУТЕР

Удобност на возачкото седиште : Серво управувач прилагодлив во висина со енерго-апсорбциони карактеристики и оптимална дебелина и дијаметар. Постои можност за поставување и на аудио команди. Безбедниот и задоволителен патен компјутер ги содржи сите неопходни опции и системи за контрола, содржи лесно видиливи и јасни бројки и букви и содржи идеална светлина која не ги заморува очите при ноќно возење. При вклучување на 4x4 опцијата и активирање на предната оска на патниот компјутер се појавува икона за да го информира возачот дека 4x4 системот е вклучен.

КОНФИГУРАЦИЈА НА КАРОСЕРИЈАТА

Конфигурацијата на каросеријата овозможува оперативните системи да се поставени надвор од кабината при што се отстранува бучавата, мирисот на гориво и дополнителното греење предизвикано од моторите внатре во кабината. Резервоарот за вода за брисачите се наоѓа во просторот кај моторот. Возилото е лесно за одржување и контрола бидејќи сите оперативни системи се наоѓаат во просторот кај моторот, под хаубата.

СИСТЕМ ЗА ЛАДЕЊЕ И ГРЕЕЊЕ

Постои систем за дистрибуција на воздухот во кабината и дополнителен грејач во возилата со втор ред седишта, спречувајќи прегревање или екстра-греење на кабината, патничкиот простор и каросеријата. Возилото поседува електронска контрола на системот за климатизација од контролната табла.

ШТО Е СЛЕДНО?

Како овластени застапници на ГАЗ комерцијалните возила – ние ги имаме одговорите на сите прашања. Контактирајте нè!